Барса ја победи Валенсија, Атлетико сигурен против Севилја

Барса ја победи Валенсија, Атлетико сигурен против Севилја

Барселона славеше над Валенсија 4:2, во 28.коло и го задржа чекорот со Реал во шампионската трка, додека Атлетико во дербито славеше над Севилја 3:1.

Барса се мачеше против Валенсија, а клучниот момент на натпреварот се случи во 45.минута кога Мангала направи прекршок за пенал и доби црвен картон.

Токму Мангала го постигна првиот гол на натпреварот по полина час игра. израмни Луис Суарез во 41.минута, а Меси пеналот во 45.минута го претвори во предност на Барса 2:1. Но само што тргнаа од центарот играчите на Валенсија израмнија преку Мунир.

Во второто полувреме Меси со својот втор гол во 72. и Андре Гомеш во 89.минута ги поставија конечните 4:2.

Атлетико во дербиот на колото лесно ја совлада Севилја со 3:1. Тимот на Чоло Симеоне доминираше во текот на целиот натпревар, покрај трите гола имаа уште три добри шанси, преку Гамеиро кој ја погоди гредата, Гризман и Торес, додека Севилја од единствената вистинска акција го постигна голот.

Годин во 37.минута, по шентаршутот на Коке го постигна првиот гол, потоа во 61.минута Гризман постигна фантастичен гол од слободен удар, а на 3:0 зголеми Коке во 77.минута. Единствениот гол Севилја го постигна во 85.минута преку Кореа.

Фудбалерите на Селта ја прекинаа низата од четири натпревари без победа со минималниот триумф на „Ријазор“ во Ла Коруња. Селта славеше против Депортиво со голот на Јаго Аспас постигнат во 74.минута.

Дербито на дното го играат Спортинг и Гранада, победија домаќините со 3:1, иако Ингасон и донесе предност на Грандат. Спортинг до победата дојде со головите на Траоре, Бабен и Кармона. крај/мф/нц