МАКФАКС

Вестбрук чекор до рекордот на Робертсон (видео)

Вестбрук чекор до рекордот на Робертсон (видео)
03.04.2017, 09:10

Расел Вестбрук дојде на чекор до рекордот на Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962, откако изминатат ноќ го забележа 40-от трипл-дабл во сезоната. Покрај Вестбрук, трипл-дабл забележа Леброн Џејмс во победата на Кливленд, по две продолженија над Индијана.

Вестбрук против Шарлот забележа 40 поени, 13 скокови и 10 асистенции, што е негов шестти трипл-дабл во низа, вкупно 40-ти во сезоната, но Окалхома загуби 113:101.

Кемба Вокер го предводеше Шарлот со 29 поени (6/12 тројки). Ол стар играчот на Шарлот 14-ти пат сезонава постигна повеќе од пет тројки на еден натпревар.

Исклучително драматаичен натпревар одиграа Кливленд и Индијана, а победа по две продолженија забележа бранителот на титулата 135:130.

Леброн Џејмс оствари трипл-дабл (41 поен, 16 скокови, 11 асистенции), додека Кајри Ирвинг и Кевин Лав уфрлија по 23, односно 20 поени. Кај Индијана незаприлив беше Пол Џорџ со 43 поени.

Лидерот во шампионатот Голден Стејт го декласира Шашингтон 139:115. Стеф Кари мечот го заврши со 42 поени (девет тројки). Голден Стејт ја задржа предноста на врвот во однос на Сан Антонио.

Спарси синоќа славеа во дуелот со Јута 109:103. Прво име кај Спарси беше Кааи Ленард кој постигна 25 поени. крај/мф/нц

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *