МАКФАКС

Гранада стана првиот клуб во Шпанија кој на терен изведе играчи од 11 земји

(Фудбалерот на Гранада, Мехди Карсела-Гонзалес/© EPA/Miguel Angel Molina)

Гранада стана првиот клуб во Шпанија кој на терен изведе играчи од 11 земји
18.02.2017, 08:32

Фудбалерите на Гранада со 4-1 (3-0) го совладаа Бетис, но овој натпревар ќе влезе во аналите на шпанскиот фудбал поради тоа што првпат еден клуб изведе на теренoт играчи од 11 различни земји забележа шпанскиот спортски весник Marca.

 

Гранада во првиот меч од 23-то коло на шпанскиот шампионат во петокот вечерта поведе со 4-0 со головите на Карселa во 18, Рамос во 28 и 64 и Переира во 33 минута, додека почесниот погодок за Бетис го постигна Петрос во 75 минута.

И покрај победата, Гранада е во зоната на испаѓање од лигата, на 19-то место со 16 бодови, два помалку од 17-от Леганес кој е на последното место коешто обезбедува опстанок. Бетис, пак, е 13-ти со 24 бодови.

Но она што го одбележува Marca e тимот со кој настапи Гранада: голман Гилермо Очоа (Мексико), одбрана: Димитри Фулке (Франција), Гастон Силва (Уругвај), Свери Ингасон (Исланд), Мартин Онгла (Камерун), Ернандез (Шпанија), среден ред: Уче Хенри Агбо (Нигерија), Мехди Карселa-Гозналес (Мароко), Андреаш Переира (Бразил) и напаѓачи: Мубарак Вакасо (Гана), Андријан Рамос (Колумбија)./крај/мф/сн

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *