Ливерпул го совлада Арсенал

Ливерпул го совлада Арсенал

Во дербито од 27-то коло од англиското фудбалско првенство, Ливерпул на својот стадион го победи Арсенал со 3-1, со што се искачи на третото место, со само втората победа во последните осум кола на тимот на Јурген Клоп, додека за екипата на Арсен Венгер ова е третиот пораз во последните четири кола.

Натпреварот беше вистинска дерби пресметка, со низа можности за голови на двете страни, а мотивираниот Ливерпул сосема заслужено победи.

Домаќините поведоа со 2-0, со головите на Роберто Фирмињо во 9 и Сади Мане во 40 минута. Арсенал успеа да намали во 57 минута со голот на Дени Велбек, а прашањето на победникот го реши Вијналдум во судиското продолжување по брза контра.

Ливерпул со оваа победа го прескокна Арсенал на првенствената табела и сега е трет со 52 бодови, колку што има и Манчестер Сити на четвртата позиција, но со послаба гол разлика, додека Арсенал е петти со 50 бодови.

На врвот е Челзи со 63 бодови, а десет помалку освои Тотенхем на втората позиција.

Во недела играат Тотенхем и Евертон, и Сандерлен со Манчестер Сири, а колото во понеделник ќе го заокружат Вест Хем и Челзи./крај/мф/сн