МАКФАКС

НБА: Ноќ на Вестбрук, Харден, Јокиќ, Казинс

Nov 11, 2015; Denver, CO, USA; Denver Nuggets center Nikola Jokic (15) and Milwaukee Bucks forward Giannis Antetokounmpo (34) battle for position during the second half at Pepsi Center. The Nuggets won 103-102. Mandatory Credit: Chris Humphreys-USA TODAY Sports

НБА: Ноќ на Вестбрук, Харден, Јокиќ, Казинс
04.02.2017, 10:55

Девет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележаа Вестбрук, Хареден, Томас, Казинс и Јокиќ.

Оклахома го победи Мемфис 114:102, во кој Расел Вестбрук ги погоди сите 17 слободни фрлања и го запиша 25-от трипл дабл во сезоната, вкупно 61-ви во кариерата.

Вестбрук мечот го заврши со 38 поени, 13 скокови и 12 асистенции.

Бостон со сигурна игра славеше над ЛА Лејкерс 113:107. Повторно блескаше Ајзеа Томас кој постигна 38 поени.

Хјустон и Чикаго играа продолженија, откако по 48 минути беше 108:108. Џејмс Харден остана асистенција до трипл дабл. Во триумфот на Хјустон 121:117, Харден имаше учинок од 42 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

Девин Букер постигна поени во последната секунда со кои Феникс го совлада Сакраменто 105:103. Букер го предводеше Феникс со 33 поени, додека кај Сакраменто блескаше Демеркус Казинс со 22 поени и по 12 поени и асистенции.

Српскиот центар Никола Јокиќ во победата на Денвер над Милвоки 121:117 го забележа првиот трипл дабл во кариерата. Јокиќ имаше учинок од 23 поени, 13 скокови и 11 асистенции. крај/мф/нц

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *