НБА: Победи на водечките тимови

НБА: Победи на водечките тимови

Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома, Бостон, Кливленд, ЛА Клиперс, Мајами остварија победи во натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата. На програмата беа 14 натпревари, а на девет од нив победи забележаа екипите кои играа на домашен терен.

Голден Стејт и без вообичаениот придонес на Стеф Кари славеше во дуелот со Сакраменто 109:86. Кари постигна само 13 поени (4/14 од поле), а најефикасен беше Клеј Томпсон со 35 поени (7 тројки).

Кливленд предводен од Леброн Џејмс (31 поен), Кајри Ирвинг (26 поени) и Кајл Корвер 22 поени, 6 тројки) ја совлада Индијана 113:104.

Голден Стејт е лидер на Западот и воопшто во лигата со 47 победи и 9 порази, додека Кливленд го предводи Истокот со 37 победи и 14 порази.

Ламаркус Олдриџ постигна 23, а Кавај Ленард 22 поени во рутинската победа на Сан Антонио кај Орландо 107:79.

Расел Вестбрук го забележа 27-от трипл дабл во сезоната. Рас со 38 поени, 14 скокови и 12 асистенции ја предводеше Оклахома до победата над Њујорк 116:05. Кај Њујорк Кармело Ентони постигна 30, а Дерик Роуз 25 поени.

Трип дабл забележа и бекот на Феникс, Ерик Бледсо. Феникс убедливо ги совлада Лејкерси 137:101, а Бледос натпреварот го заврши со 25 поени, 10 скокови и 13 асистенции.

Хјустон не успеа да го совлада Мајами, загуби 109:117, иако Џејмс Харден имаше 38 поени и по 12 скокови и асистенции. Хасан Вајтсајд и Дион Вејтерс со по 23 поени го предводеа Мајами кој има 12 победи на последните 13 натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=hrMKmc8h0Gc

Бостон, вторпласираниот тим на Истокот, забележа победа над Филаделфија 116:108. Ајзе Томас го предводеше тимо со 33 поени, а ист број на поени постигна Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки кај Бруклин 129:125.

На другите натпревари: Детроит го победи Далас 98:91, Торонто славеше против Шарлот 90:85, Мемфис загуби од Њу Орлеанс 91:95, Минесота славеше во Денвер 112:99, Јута го победи Портланд 111:88, а Клиперси славеа против Атланта 99:94. крај/мф/нц