Реал го преживеа гостувањето на Сан Мамеш

Реал го преживеа гостувањето на Сан Мамеш

Реал го продолжува походот кон шампионската титула, која би била прва по пауза од пет години, откако во 28.коло славеше на Сан Мамеш во Билбао со 1:2.

Реал не блескаше но успеа да ги однесе бодовите од едно од најтешките гостувања во Примера.

Карим Бензема асистенцијата на Роналдо ја претвори во гол во 25.минута за 0:1, резулта со кој заврши првиот дел.

Во вториот дел Атлетик активно напаѓаше, а таквата определба му донесе израмнување во 65.минута. Инаки Вилијамс нафрли од десната страна на подалечната статива, Раул Гарсија ја врати топката воп петерецот каде Адуриц ја спроведе во голот.

Три минути подоцна Реал ја врати предноста. По корнерот на Крос во шеснаесетникот домашните го оставија сам Каземиро, кој од три метри постигна гол за конечни 1:2.

Во пресрет на неделниот натпревар на Барселона, Реал има пет бодови повеќе и натпревар помалку од најголемиот ривал. крај/мф/нц

https://www.youtube.com/watch?v=wDFBUdgLbIU