Реми во дербито на „Итихад“

Реми во дербито на „Итихад“

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа 1:1 во дерби мечот од 29.коло во Премиерлигата, додека Тотенхем славеше над Саутемптон 2:1 и остана втор на табелата со десет бодови помалку од лидерот Челзи.

Сити и Ливерпул одиграа одличен натппревар, динамичен, со висок интензитет и серија на неверојатни промашувања.

Првиот дел заврши без голови, иако двата тима имаа неколку добри можности за постигнување на гол.

Првиот гол на мечот го постигна Милнер од пенал во 51.минута. На пеналот му претходеше стартот на Клиши врз Фирмино. Бразилецот потоа пропушти можноста да зголеми на 0:2, по пто следуваше казната, Де Брујне го пронајде Агуеро во 69.минута, а Аргентинецот израмни на 1:1.

По израмнувачкиот гол следуваше вистински фестивал на неискористени шанси, за Сити гол не успеаја да постигнат Де Брујне, Агуеро, Стерлинг и Сане, додека на спортивната страна непрецизен беше најпрвин Мане, а потоа Лалана кој ов пет метри не успеа да ја проследи топката во празната мрежа.

По овој натпревар Сити е трет со 57 бодови, еден повеќе од четвртопласираниот Ливерпул.

Втор на табелата остана Тотенхем по победата над Саутемпон 2:1 Ериксен и Деле Али од пенал му донесоа сигурна предноста на Тотенхем по првиот дел. Поразот го намали Ворд-Праус во 53.минута. крај/мф/нц

https://www.youtube.com/watch?v=ynBomwLLlOw