Судија од Гана казнет од ФИФА со доживотна забрана за судење

Судија од Гана казнет од ФИФА со доживотна забрана за судење

Доживотна забрана за судење доби фудбалскиот судија од Гана Џозеф Лампти откако било докажано дека учествувал во местење на квалификациски натпревар за заминување на Светското првенство, објави ФИФА во понеделник.

Лампти во ноември минатата година го водеше мечот меѓу ЈАР и Сенегал, која заврши со победа на ЈАР од 2:1, а домашниот тим првиот гол го постигна од непостоечки пенал.

Лампти досуди казнен удар заради играње со рака на сенегалскиот фудбалер, но снимката јасно покажа дека топката не ја погодила раката.

Африканската фудбалска конфедерација заради таа грешка го суспендираше Лампти на три месеца.

Од ФИФА не соопштија дали овој натпревар ќе биде преигран.

По две кола ЈАР е на првото место на табелата од групата Д со четири бода, исто колку што има и второпласираната Буркина Фасо, додека Сенегал е трет со три бода. Во групата се уште Зеленортските острови, кои се без бодови. На СП во Русија ќе се квалификува само победникот на групата.

Лампти порано беше суспендиран на шест месеци заради признавање на непостоечки гол во полуфиналето на африканската Лига на прваци во 2010 година. /крај/хн/ст