Тежок пораз на Кливленд во ЛА

Тежок пораз на Кливленд во ЛА

Само Голден Стејт успеа да победи во НБА лигата од водечките три екипи на табелата. Вориорси славеа над Милвоки, додека Сан Антонио загуби од Мемфис, а Кливленд беше декласиран од Кливленд.

Мемфис го совлада Сан Антонио 104:96. Мајк Конли со 18 поени, 7 скокови и 6 асистенции, односно Зек Рендолф со 18 кошеви беа најефикасни кај Мемфис, додека Сан Антонио го предводеа Каваи Ленард со 22 и Ламаркус Олдриџ со 21 поен.

Стеф Кари постигна 28, а Клеј Томпсон 21 поен во убедливиот триумф на Голден Стејт над Милволки. Голден Стејт е лидер на табелата, а против Милвоки ја забележа 55-та сезонска победа.

Клиперси му нанесоа тежок пораз на актуелниот првак Кливленд 108:78. Блејк Грифин со 23 поени и 13 скокови го предводеше тимот кој се наоѓа на петтата позиција во Западната конференција.

Хјустон ја држи третата позиција на Западот, а изминатата ноќ, предводен од Џејмс Харден славеше во Денвер 109:105. Хардаен го забележа 19-и трипл дабл, тој постигна 40и на кои придодаде по десет скокови и асистенции.

Резултати: Шарлот-Вашингтон 98:93, Чикаго-Јута 95:86, Оклахома-Сакраменто 110:94, Атланта-Портланд 97:113. крај/мф/нц