Челзи рутински, Арсенал победи со помош на судијата

Челзи рутински, Арсенал победи со помош на судијата

Челзи ја задржа комотната предност на врвот на премиерлигашката табела, откако во 22.коло славеше над Хал 2:0. Најблиску до Челзи е Арсенал кој со помош на судијата во котроверзна завршница го победи Барнли 2:1. Актуелниот првак Лестер си ближи до опасната зона, откако во Саутемптон го забележа 11-от сезонски пораз.

Челзи рутински го одработи натпреварот со претпоследниот Хал и стигна до 55-от бод во првенството. Диего Коста во финишот на првото и Гери Кејхил во финишот на второто полувреме ги постигнаа головите за лидерот.

https://www.youtube.com/watch?v=gkLG9ZZ2P94

Арсенал со судиска помош, во 95.минута дојде до трите бода против Барнли. Мустафи постигна гол за Арсенал на почетокот од вториот дел, а набргу „тобџиите“ останаа без Џака кој доби директен црвен картон. Џака го доби третиот црвен картон во превенството, а втор кога на Арсенал му судел Мос.

Барнли во 93.минута доби пенал, по невнимателниот старт на Коклан. Греј погоди за 1:1.

Во 95.минута Ми невнимателно со нога по главата го удри Кошчелни, Мос покажа на белата точка, но повотрената снимка покажа дека дефанзивецот на Арсенал беше во длабок офсајд. Пеналот со „паненка“ го реализира Алексис Санчез.

https://www.youtube.com/watch?v=HVxB1VvybbY

Саутемптон со головите на Вард-Поус и Џеј Родригез во првото, односно Душан Тадиќ од пенал во второто полувреме со 3:0 го совлада Лестер. крај/мф/нц