МАКФАКС

Чеферин: Регионалната лига би била смрт за фудбалот во малите држави

Чеферин: Регионалната лига би била смрт за фудбалот во малите држави
20.03.2017, 16:47

Претседателот на УЕФА Алаксандар Чеферин во интервју за New York Times, рекол дека регионалната лига би преставувала „смрт за фудбалот во малите земји“.

Првиот човек на УЕФА често истакнува дека негова заложба не е основање на регионална лига на Балканот, бидејќи од година во госина забележлива е разликата помеѓу големите и малите тимови.

„Сегашниот формат на натпреварување ќе остане затоа што регионалните лиги не би требало да ги заменат националните првенства. Ќе ги разгледам сите идеи, но мислам дека тие лиги треба да бидат додаток за националните првенства, а не да станат поважни од нив. Тоа би преставувало смрт за фудбалот во малите држави. доколку Марибор или Олимпија би се квалификувале во некаква Балканска, Кадранска или Алпска лига, како и да биде наречена, тоа ќе значи крај за фудбалот во Словенија“, рекол Чеферин.

Мислења и идеи на оваа тема ќе се разменуваат и на 41-от конгрес на УЕФА кој ќе се одржи на 5.април во Хелсинки. крај/мф/нц

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *