Јувентус ја победи Сампдорија, но го загуби Дибала

Јувентус ја победи Сампдорија, но го загуби Дибала

Фудбалерите на Јувентус ја победија Сампдорија во Џенова 1:0 и ја задржаа убедливата предноста на табелата и по 29.коло во Серија А.

Актуелниот шампион Јувентус, уште повеќе се доближи до одбрана на титулата, со минималната победа на „Мараси“ над Сампдорија. Минималната победа на „старата дама“ и ја донесе Квадрадо во седмата минута. Колумбиецот со глава ја затресе мрежатапо центаршутот на Асамоа.

Сепак победата на Јувентус ја засени повредата на Паоло Дибала, кој во првото полувреме поради повреда на мускулот го напушти теренот.

Лацио не успеа да слави на Сардинија кај Каљари, дуелот заврши без голови. Лацио полека го губи чекорот со Наполи и Рома, но остана на четвртата позиција со два бода повеќе од Интер.

Фиорентина вложи многу труд за да освои три бода кај последнопласираниот Кротоне. Единствениот гол го постигна Калиниќ во 90.минута.

Болоња забележа сигурна и убедлива победа 4:1 во дуелот со Киево, а истото го направи и Аталанта во пресметката со последнопласираната Пескара. Аталанта славеше со 3:0. крај/мф/нц