Daily news
Победата на Барселона Б 0:12 е лажирана, тврди играч на противникот
Северноамериканската професионална хокеарска лига, НХЛ, одлучи играчите кои настапуваат во лигата да не учествуваат на Зимските олимписки игри.
Зимските олимписки игри во Јужна Кореа ќе се одржат од 9. до 25. февруари 2018 година. На неколкуте претходни ОИ во најсилната лига во светот не се играа натпревари во периодот додека траеја Игрите, бидејќи најголем дел хокеарите се дел од НХЛ.
„И претходно беше јасно дека клубовите се против да ги пуштаат играчите додека сезоната е во тек. Учеството на голем број на играчи од НХЛ на ЗОИ во Јужна Кореа ќе ја поремети сезоната 2017/2018. Се консултиравме со други субјекти, чии интереси се вклучени во оваа приказна (IOC, IIHF, NHLPA), А ПОТОА Управниот одбор ја донсе одлуката која ја поддржавме“, стои во соопштенито на НХЛ.
Елденсе е екипата која настапува во Третата лига на Шпанија и за која од саботата по поразот 0:12 од Барселона Б, слушнаа оние кој го следат фудбалот низ целиот свет.
Поразот на екипата која нема шанси да избори опстанок во оваа конкуренција на шпанскиот фудбал, предизвика сомнеж кај претседателот на клубот кој ја алармира полицијата да го истражи целиот случај. Тој се посомневал дека натпреварот е наместен од фудбалерите на неговиот тим.
Според него невозможно било Елденсе да прими 12 голови од Барселона Б, бидејќи тимот од Каталонија настапил без најдобрите играчи Марко Кукерла, Жорди Мбоула и Карлес Алена.
Поради тоа претседателот решил клубот да ги прекине сите спортски активности и да го раскине договорот со италијанските инвеститори.
Инаку сомнежите дека натпреварот е наместен ги потврдил напаѓачот на Елденсе, Шеикх Сад. Тој рекол дека четворца негови соиграчи се обложиле на резултатот 0:12, или поточно : „0:8 на полувреме и 0:12 на крајот на натпреварот“.
„Сеуште не можам да ги откријам имињата на тие четворица, но ветувам дека тоа ќе направам кога ќе можам“, истакнал Саад во разговор за радиото RAC1.
Дека натпреварот е наместен сугерираше токму Саад кој по мечот со објава на социјалните мрежи бараше од навивачите да им простат.
„Резултатот 0:12 не е реален вестината ќе излезе на виделина. Она што се случи е вистински срам и не знам како можат тие кои тоа го направија ќе можат да се појават пред останатите“.
Саад исто така рекол дека добивал закани за да не ја каже вистината, дека постојат и видео докази дека натпреварот е наместен, а дека оние кои се обложиле заработиле помеѓу 30 и 40 илјади евра. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.