Индијан Велс: Кирјос без борба му го предаде мечот на Федерер

Индијан Велс: Кирјос без борба му го предаде мечот на Федерер

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, нема да настапи во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, што значи дека неговиот противник Роџер Федерер без борба избори пласман во полуфиналето.

Ник Кирјос, кој во осминафиналето го елиминира Новак Ѓоковиќ во два сета (7:6, 6:4) поради болест, односно труење со храна, бил принуден да го предаде мечот без борба.

„За жал не сум во состојба да настап во четвртфиналето. Верувам дека во прашање е труење со храна, се надевам дека не е нешто посериозно. Цела ноќ се борев со симптомите, во мене нема сила која е потребна да му се спортивставам на еден шампион каков е Роџер Федерер. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, бидејќи поради ваквите мечеви тренирам, но едноставно не сум во состојба да излезам на теренот“, напишал Кирјос на својот Твитер налог.

Откако Кирјос му го предаде мечот на Федерер, во 20 часот своето четвртфинале ќе го одиграат Кеи Нишикори и Џек Сок, а подобриот од овој меч ќе игра против Швајцарецот во полуфиналето.

Првата полуфинална двојка ја формираа Стан Вавринка и Пабло Карењо-Буста. крај/мф/нц