ИХФ: Никола Карабатиќ и Кристина Неагу најдобри во 2016

ИХФ: Никола Карабатиќ и Кристина Неагу најдобри во 2016

Репрезентативецот на Франција и играч на ПСЖ, Никола Карабатиќ, односно романската репрезентативка која го носи дресот на Будуќност, Кристина Неагу се прогласени за најдобри во 2016 година од страна на Светската ракометна федерација (ИХФ).

Никола Карабатиќ и Кристина Неагу станаа единствени во ракометниот свет бидејќи по трет пат во своите кариери се прогласени за најдобри во светот. Претходно Карабатиќ беше најдобар во 2007 и 2014 година, а Неагу во 2010 и 2015 година.

Во изборот на ИХФ во предвид се земаа гласовите на ракометните стручњаци, новинарите и навивачите.

Во машка конкуренција зад Карабатиќ останаа неговиот соиграч, Данецот Микел Хансен, потоа Германецот кој го брани голот на Кил, Андреас Волф, односно Хрватот Домагој Дувњак и Норвежанецот Сандер Сагосен.

Кај дамите Неагу признанието го доби во конкуренција на Норвежанката Нора Мерк, Холанѓанката Нике Грот, Швеѓанката Изабел Гулден и Норвежанката Кари Гримзбо. крај/мф/нц