МАКФАКС

Ѓоковиќ поради повреда нема да игра на Мастерсот во Мајами?

Ѓоковиќ поради повреда нема да игра на Мастерсот во Мајами?
18.03.2017, 14:51

Новак Ѓоковиќ поради повреда најверојатно ќе го рпопушти Мастерс турнирот во Мајами, на кој во последните три години ја освојуваше титулата.

Француската новинарка Карол Бушар ја пренесе информацијата дека поради повреда на лактот, сроскиот играч од САД се вратил во Монако на консултации со својот доктор и дека најверојатно нема да игра во Мајами.

Ѓоковиќ е актуелен шампион на овој Мастерс, а доколку не настапи во Мајами тоа ќе биде дополнителен удар за неговите амбиции сезонава, бидејќи во последните две недели испаѓаше во осминафиналето на турнирите во Акапулко и Индијан Велс од Ник Кирјос.

Исто така, тоа ќе му овозможи на Енди Мари само да ја зголеми предноста на челната позиција на АТП листата, бидејќи Ѓоковиќ ќе загуби 1.000 поен освоени минатата година. Мари во Мајами брани мал број на поени, тој лани испадна во осминафиналето.

Мастерсот во Мајами ќе започне в четврток, а наградниот фонд е речиси 7 милиони долари. крај/мф/нц

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *