Американски сенатор сака на Москва „да ѝ удри клоца во задникот“

Американски сенатор сака на Москва „да ѝ удри клоца во задникот“

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам повика во саботата Русија „да биде шутната во задникот“ поради наводното мешање во минатогодишните американски претседателски избори на кои победи неговиот сопартиец Доналд Трамп, со наметнување на нови американски санкции а Трамп го повика „да биде цврст и да преземе мерки против Москва“.

 

„Оваа 2017 ќе биде годината којашто Конгресот (на САД) ќе ја клоцне со нога Русија во задникот“, изјави сенаторот Линдси Греам, претставник на Минхенската безбедносна конференција на која се собра светската допломатскп-веона елита,

Навестувајќи дека во моментов се подготвува нацрт закон за воведување санкции против Москва, како и против Иран, кој го предложиле републиканци и демократи, Греам оцени дека Трамп бил „преслаб“ кон Русија.

„Мојата цел е да ставам текст на работната маса на Трамп и се надева дека ќе го прифати тој предлог. Како лидер на слободниот свет, мора да соработува со нас за да ја казниме Русија“, додаде американскиот сенатор во еден од говорите кои се оценуваат како американски ПР наменет да ги примири европските сојузници по најавите на новиот американски претседател дека зака затоплување на односите со Москва.

Греам, кој важи за жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, го повика американскиот претседател отворено да ѝ упати таква порака на Русија, иако според информациите на американските разузнавачки служби цел на наводните руски хакерски напади биле демократите и неговата ривалка Хилари Клинтон.

„Во врска со Трамп најмногу ме загрижува (…) што никогаш не погледна директно во камера и рече: Иако Демократската парија е таа која најмногу трпеше поради руското вмешување, сега сум водач на слободниот свет и ќе платите за тоа“, истакна Греам.

Иако непосредно пред заминувањето од Белата куќа демократскиот претседател Барак Обама протера 35 руски дипломати и воведе санкции против девет физички и правни лица, меѓу кои двете главни руски разузнавачки служби, поради наводното фаворизирање со руските хакерски на Доналд Трамп, некои републикански сенатори кои противници на неговата кандидатура, и демократи сакаат воведување нови санкции против Москва./крај/мф/сн