Свет
Африканските земји го оспоруваат именувањето на експертот на ОН за ЛГБТ задницата
Африканските земји бараа во петокот укинување на неодамнешното именување на еден експерт на Обединетите нации за човекови права за ЛГБТ заедницата и тврдат дека неговиот мандат нема поврзаност со човековите права.
Советот за човекови права на ОН кон крајот на септември го именуваше на тригодишен мандат на професорот по меѓународно право Витито Минарборно од Тајланд за да ги истражува дискриминациите и насилствата на коишто се изложени хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и трансродовите лица.
Во името на 54 африкансите земји членки на ОН, амбасадорот на Боцвана Чарлс Н’ваага изјави пред една комисија на Генералното собрание дека Советот не би требало да се занимава со прашањата на сексуалната ориентација и идентитетот.
„Овие два поима не се и не би требало да бидат поврзани со постојните меѓународни инструменти за заштита на човековите права“, појасни амбасадорот на Боцвана и побара суспендирање на мандатот на експертот.
Африканската група земји претстави резолуција во оваа смисла за којашто ќе се гласа во вторник. Со резолуцијата се бараат консултации за законитоста на мандатот на стручњак за ЛГТ заедницата
Од 193 земји членки на ОН, 73 земји од кои 33 африкански имаат законодавства според кои хомосексуалноста е злосторство, меѓу кои се Уганда, Нигерија, Судан и Мавртианија.
За Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун промоцијата на правата на ЛГБТ заедницата беше еден од приоритетите. Русија своевремено го критикуваше бидејќи на службениците на ОН им дозволи истополови бракови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.