Во Брисел 50 илјади луѓе маршираа за поддршка на Пучдемон

Во Брисел 50 илјади луѓе маршираа за поддршка на Пучдемон

Речиси 50.000 луѓе учествуваа во Брисел на марш за поддршка на независноста на Каталонија и на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон.

Учесниците на маршот очекуваа и обраќање од Пучдемон и извикуваа „Пучдемон, претседател“.

Некои од присутните носеа и транспаренти со слика од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со натпис: „Демократија? Некои ја бранат само кога им одговара. Срам да им е“.

Недалеку од местото каде што се одржаа демонстрациите се наоѓа канцеларијата на заменик-претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, кој рекол дека атмосферата таму е многу позитивна.

Тој истакна дека од гледна точка на Европската комисија нема да има промени во Каталонија.