Екс иранскиот претседател Ахмадинеџад во писмо до Трамп ги препознава неговите доблести

Екс иранскиот претседател Ахмадинеџад во писмо до Трамп ги препознава неговите доблести

Поранешниот ирански ултраконзервативен претседател Мамуд Ахмадинеџад, од 2005 до 2013 година, му напиша во неделата отворено писмо на новиот американски претседател Доналд Трамп во коешто му признава доблести, особено фатот дека „чесно“ го опишал „корумпираниот“ политички систем на САД.

 

„Вашата екселенција чесно го опиша политичкиот систем во САД и изборната структура како корумпирани и против јавниот интерес. Американскиот изборен систем со децении го занемаруваше гласот на народот во полза на извесното малцинство“, пишува Амадинеџад во своето писмо до Трамп објавено на персиски и англиски на својата интернет страница.

Во своето писмо со повеќе од 3.500 зборови, како што забележува ABC News, Ахмдинеџад го осудува „доминантното влијание“ на Вашингтон во Обединетите нации, како и мешањето на САД во внатрешните работи на други земји, што според негова оцена доведува до „нестабилност, војни, разорувања, убиства и преселување на народи“.

Поранешниот ирански претседател, исто така, истакнува дека „современите САД им припаѓаат на сите народи“, истакнувајќи дека во земјата имигрираат луѓе од разни земји, вклучително и од Иран.

„Никој не може да се смета за сопственик (на оваа земја – САД) и да ги смета другите за гости или имигранти“, пишува Ахмадинеџад. Според него, американската политика мора да „изразува почитување кон различностите на народите и расите“.

На темата на забраната на Трамп за привремено влегување во САД за државјаните седум муслимански земји меѓу кои и Иран, Ахмадинеџад истакнува дека присуството на повеќе од милион Иранци на американската почва „одиграле голема улога во развојот на САД“

Поранешниот ирански претседател чиј реизбор во 2009 година предизвика масовни протести и насилства, го поттикнува претседателот Трамп да ја прекине американската интервенција на Блискиот исток и „ароганцијата“ на неговиот претходници.

Поранешниот ирански челник изјави дека писмото до Трамп го предал во амбасадата на Швајцарија во Техеран, која ги застапува американските интереси во Иран, по прекинот на дипломатските односи меѓу двете земји од револуцијата пред неколку децении.

Ахмадинеџад е познат по испраќањето на отворени писма до светските челници. Како иден претседател на Иран тој му напиша на американскиот претседател Џорџ В. Буш помладиот, а минатата 2016 година му пиша на претходникот на Трамп, на тогашниот претседател Барак Обама. Исто така, писмо ѝ испрати и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Агенцијата AFP потсетува дека кога Доналд Трамп победи на претседателските избори на 8-ми ноември 2016 година, многу Иранци ја истакнуваа „сличноста“ меѓу неговото однесување и однесувањето на нивниот некогашен претседател. „Кога Ахмадинеџад зборуваше дека има намера да го извози свој начин на управување во земјата, не го сфаќавме сериозно“, потсетува агенцијата на еден од постовите на социјалните мрежи./крај/мф/сн