ЕУ е само германски инструмент, НАТО е застарен – Трамп

ЕУ е само германски инструмент, НАТО е застарен – Трамп

Германска канцеларка Ангела Меркел е далеку најважната европска челничка, а НАТО во сегашната форма е застарен, истакнува во заедничко интервју за германските и британски медиуми новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Како своја главна цел, новиот американски претседател Доналд Трамп ги наведува поправедните трговски договори за САД и посилните граница. Воедно најавува дека фокусот на неговиот кабинет ќе биде ставен на паметната, а не толку на слободната трговија.

САД мора да го решат својот трговски дефицит со другите земји, особено со Кина, додава Трамп во големото интервју за надворешната политика, дадено за високотиражниот германски дневен таблоид Bild и за британскиот весник The Times.

Канцеларката Ангела Меркел е далеку најважниот европски челник, тврди притоа новиот американски претседател. „Доколку ја погледате Европската унија, ќе видите дека тоа е всушност е Германија, инструмент на Германија“, рече Трамп.

Германската канцеларка, сепак, направила „катастрофална грешка, примајќи во земјата толку нелегални доселеници“, исто така смета Трамп.

Го поврзува прашањето на доселувањето со британската референдумска одлука за излегување од Европската унија.

„Навистина сметам дека ќе го немаше Брекзитот доколку (во ЕУ) нема принудени да ги примат сите тие бегалци, толку многу луѓе со сите тие проблеми што сето тоа ги носи. Веројатно таа приказа (со ЕУ) би можела да успее, но беше тоа последната капка којашто ја прели чашата“, оценува Трамп.

Британија е „многу паметна затоа што одлучи да излезе“ од ЕУ, заклучува. „Земјите саката сопствен идентитет, а тоа важи и за Велика Британија“, истакнува Трамп.

Прогнозира, притоа, и дека некои други земји ќе го следат британскиот пример. „Мислам дека луѓето сакаат… свој идентитет, и доколку мене ме прашувате… мислам дека и други земји ќе излезат“ , од Европската унија, вели Трамп.

Истакнува дека неговата појдовна точка ќе биде „доверба во односот кон рускиот претседател Владимир Путин и кон госпоѓата Меркел“, а потоа ќе види како работите ќе се одвиваат натаму.

Запрашан за можен договор со Русија, изјави дека тој би требало да го вклучува нуклеарното оружје, коешто според него би требало да биде „многу намалено“, во замена за укинувањето на американските санкциите против Русија наметната поради нејзината наводна улога во украинската криза.

Коментирајќи ја состојбата на Блискиот исток, Трамп вели дека одлуката за инвазијата врз Ирак во 2003 година можеби била најлошата одлука донесена во историјата на САД. Истакнува, исто така, дека во Сирија би требало да бидат воспоставени безбедносни зони коишто би ги финансирале американските сојузници во регионот на Персискиот залив, кои ја поддржуваат сунитската вооружена опозиција.

Во корпусот прашања во врска со меѓународната безбедност, новоизбраниот американски претседател потсетува дека „веќе одамна кажав дека НАТО има проблеми“. „Првиот е тој што НАТО е застарен, бидејќи е осмислен пред многу години. Вториот проблем е што земјите не ја плаќаат (членарината) колку што би требало“.

Само пет земји ја плаќаат соодветната членарина, додава „Пет. Тоа е малку… Кога тоа ќе се стави настрана, морам да кажам дека НАТО за мене е многу важен3, заклучува Трамп./крај/мф/сн