МАКФАКС

Израелските војници убија Палестинец кој се залетал во пешаци

Израелските војници убија Палестинец кој се залетал во пешаци
25.01.2017, 23:23

Израелските безбедносни сили убиле палестински возач кој со автомобил се залетал во луѓе кои чекале на автобуска постојка во близина на населба на Западниот брег (од реката Јордан), објави во средата вечерта израелската војска.

Министерството за здравство на Палестинската самоуправа на Западниот брег засега не објави поединости за убиениот Палестинец, но на социјалните мрежи е објавено дека бил жител на бегалскиот логор Каландиаја крај Рамала.

„Палестинец се залета со возилото во автобуската постојка на влезот во Кокхав Ја’аков, југоисточно од Рамала…, како одговор на таа закана, силите пукале на напаѓачот при што е убиен“, се наведува во изјавата на израелската војска. Се додава дека во инцидентот немало други настрадани.

На снимките објавени на интернет се гледа како возило се залетува во челичните столбови пред постојката, за заштита на луѓето кои чекаат автобус. Израелската војска објави дека во возилото е пронајден нож./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *