Канадска учителка од изолирана ескимска заедница е најдобрата учителка на светот

Канадска учителка од изолирана ескимска заедница е најдобрата учителка на светот

Канаѓанка којашто работи како поддршка на проблематичните тинејџери во изолирана ескимска (инуитска) заедница на канадски Арктик во неделата е прогласена за најдобрата учителка на светот.

На Меги Мекдонел на церемонијата во Дубаи ѝ е доделено признанието, коешто повлекува и паричен дел од милиони американски долари, Светска награда за учители за 2017 година.

Мекдонел е наградена поради нејзините иницијативи за борба против депресијата, тинејџерската бременост и високиот процент на злоупотреби на дроги во Салуит, село коешто е дом на најсеверната инуитска заедница во Квебек, се наведува на интернет страницата на наградата.

До Салуит може да се стаса само со авион, а температурите преку зимата паѓаат до минус 25 Целзиусови степени.

„Мислам дека како на учителка во малата арктичка заедница денот никогаш не ми завршува. Вратите на училиштето може да се затворат, но односот со учениците продолжува, бидејќи споделуваме иста заедница“, се вели во писмената изјава на наградената учителка.

Наградата од милион американски долари ја доделува фондацијата Varkey чие седиште е во Лондон, под покровителство на челникот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум./крај/мф/сн