Лондон ќе му ги плати долговите на Брисел

Лондон ќе му ги плати долговите на Брисел

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, изјави дека неговата земја ќе ги плати долговите кон Европската унија (ЕУ) и призна дека во британската влада има поделби околу повлекувањето од Унијата. засега не се открива износот на финансиските обврски на Лондон кон Брисел, но медиумите споменуваат 55 до 100 милијарди евра.

“Ние ќе ги испочитуваме нашите обврски. Ако должиме пари и тој износ е правилно пресметан,  се подразбира дека ќе го платиме. Ние не сме земја која не ги плаќаат своите долгови”, изјави  за Би-Би-Си Хамонд, кој самиот во 2016 година на референдумот гласаше за останување во Унијата.

Во Брисел утре, ќе се одржи  уште една рунда преговори меѓу ЕУ и Велика Британија во рамките на Брегзит. Првата беше на 19 јуни. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ најверојатно на крајот на март 2019 година, две години откако премиерот Тереза ​​мај, на 29 март оваа година ја покрена официјално постапката.