Медиум: Ал-Багдади им се обратил на џихадистите со проштален говор

Медиум: Ал-Багдади им се обратил на џихадистите со проштален говор

Водачот на ултрарадикалната исламситичка групација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади во својот говор го признал поразот на својата групација во неодамнешните борби, пренесува телевизијата Al Sumaria, повикувајќи се на свои извори во ирачката покраина Нинева.

 

„Ал –Багдади го нарекол својот говор проштален, и го поделил меѓу проповедниците на Исламската држава и во него објаснил она што се случува со групацијата. Проповедниците започнаа да зборуваат за поразите коишто ги претрпува организацијата во покраината Нинева и во другите делови на Ирак“, рекол неименуваниот извор на телевизијата.

Кон средината на февруари беше објавено дека 13 команданти на Исламската држава се се убиени во напад во офанзивата врз градот Мосул, но на листата го нема името на Ибрахим ал-Самараи, поранешниот затвореникот во американскиот затвор Гвантанамо, попозната како Абу Бакр ал-Багдади.

Ирачката армија тврдеше дека ал-Багдади една седмица претходно го напуштил сирискиот град Рака, досегашната неформална престолнина на неговиот ткн „калифат“, во регионот Ал-Каим, на ирачката страна од границата, за со своите команданти да разговара за „колапсот кој се одигрува во Мосул и за изборот на евентуалниот негов наследник“.

Ал-Багдади, според некои претходни извештаи, веќе неколкупати бил рануван. Неговото последно појавување во јавноста било ланскиот ноември, кога ги повика борците да го бранат Мосул, неговото последно урбано упориште во Ирак.

Ирачките сили помогнати од шиитските доброволечки единици од регионот и локалните племенски милиции, со поддршка на авијацијата на коалицијата предводена од САД, ја завршија првата фаза од ослободувањето на Мосул, иако беше ветено дека вториот по големина град во Ирак ќе биде ослободен од џихадистите до крајот на октомври. Во моментов тие го контролираат источниот брег од регата Тигрис кој го дело Мосул на два дела.

Ирачката телевизија al-Sumaria објави дека некои џихадистички команданти наводно му ја откажале послушноста на ал-Багдади поради загубите во во Мосул. Локални извори за телевизијата во неделата рекле дека дезертерите од редовите на џихадистите одбиле да учествуваат во самоубиствените бомбашки напади, кои ги наредил ал-Багдади.

Телевизијата цитира извесен Абу Абдрула ал-Шами, еден од челниците на џихадистите во Мосул, кој рекол дека ал-Багдади е неспособен да го одбрани градот и да возврати на нападите. Го критикувал дека Исламската дражва постојано губи делови од големата територија којашто ја зазема во офанзивата од летото 2014 година во Сирија и во Ирак./крај/мф/сн