Москва и Турција ја потврдија втората заедничка воздушна операција во Сирија

Москва и Турција ја потврдија втората заедничка воздушна операција во Сирија

Руските и турските воздухопловни сили во саботата на 21-ви јануари изеле заедничка операција против терористичката група Исламска држава во областа на сирискиот град Ал-Баб, потврди во понеделникот министерството за одбрана во Москва.

Во кусото соопштение во кое не се изнесени повеќе детали за операцијата, се истакнува дека за оваа операција согласност дала владата во Дамаск. Се додава дека во воздушните удари учествувале три руски и четири турски борбени авиони, и вкупно било дејствувано врз 22 цели во северната сириска покраина Алепо.

Првата заедничка воздушна операција на руските и турските воздухопловни сили беше изведена на 18-ти јануари. Во неа учествуваа девет руски летала: четири „Су24М“, четири „Су-25“ и еден „Су-34“, како и осум турски – по четири воздухоплови од моделите „F-16“ и „F-4“. Притоа биле гаѓани 34 цели на џихадистичката групација.

Во Москва ја истакнаа „високата ефикасност на заедничките активности“ на руските и турските борбени групи./крај/мф/