МАКФАКС

Пенс: Трамп останува приврзан на соработката со ЕУ, САД го поддржуваат обединувањето на Европа

Пенс: Трамп останува приврзан на соработката со ЕУ, САД го поддржуваат обединувањето на Европа
20.02.2017, 20:58

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави во понеделникот дека претседателот Доналд Трамп е приврзан на соработката со Европската унија на заедничките цели – мирот и просперитетот, додека европските челници Доналд Туск и Жан-Клод Јункер истакнаа дека на САД им е потребна силната ЕУ.

 

„Имам привилегија во името на претседателот (на САД, Доналд) Трамп да ја изразам силната приврзаност на Соединетите држави на продолжувањето на соработката и партнерството со Европската унија“, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс на состанокот со челникот на Советот на Европа, Доналд Туск.

„Какви и да се разликите, нашите два континента споделуваат исто наследство, исти вредности и, над сé, иста цел за промовирање на мирот и просперитетот низ слободата, демократијата и владеењето на правото, и ние остануваме приврзани на тие цели“, рече Пенс.

Туск, од своја страна, рече дека на Пенс му поставил три прашања: дали САД се согласуваат со зачувувањето на сегашниот меѓународен поредок врз основа на меѓународното право, за значењето на заедничката безбедност во рамките на НАТО и може ли ЕУ да смета на недвосмислена поддршка за идејата за обединувањето на Европа. „На сите три прашања добив одговор: да“, рече Туск.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави пред состанокот со Пенс дека САД „имаат потреба од обединета Европа во секоја смисла“. „Сега не е моментот Европа да се дели во некогашните национални и провинциски категории“, рече Јункер. .

Туск на конференцијата за медиумите ги спомена и неодамнешните изјави за застареноста на НАТО.

„Нашата безбедност се темели на НАТО и на најтесната можна трансатлантската соработка. Мораме да работиме заедно на модернизацијата на формите на соработка. Некои од нив навистина може да бидат подобри, но ние треба да се согласиме околу една работа: идејата на НАТО не е застарена, како што не се ниту вредностите кои лежат во неговите темели“, рече Туск.

„Премногу нешта се случија последните месеци во вашата земја и во ЕУ, премногу нови и понекогаш изненадувачки мислења се изнесени е за нашите односи и за нашата безбедност, за да се преправаме дека сé е како што некогаш беше“, додаде Туск.

Пенс во Брисел допатува од Минхен каде што учествуваше на конференцијата за безбедност. Негова последна посета во рамките на европската турнеја на тројцата високи функционери од администрацијата на претседателот Трамп.

Пенс во белгиската и европската престолнина, покрај со Туск и Јункер, сретна и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, а средби во текот на денот тече состанокот и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Од минатата седмица тројцата високи функционери на САД престојуваат во Европа, настојувајќи да ги примири европските сојузници вознемирени од некои изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за застареноста на НАТО како организација и барање од европските сојузници повеќе да вложуваат во сопствената одбрана, и за излегувањето на Велика Британија од ЕУ како позитивен чекор кој ќе го следат и други земји членки.

Пенс, меѓу другото, ја истакна и важноста на заедничката борба против тероризмот и повтори дека САД нема да ѝ попуштаат на Русија во врска со ситуацијата во Украина.

„За ефикасната борба против тероризмот, ЕУ и САД мора уште потесно да соработуваат и да разменуваат разузнавачки податоци“, рече Пенс.

Иако САД ќе бараат нова основа за соработка со Русија, нема да ѝ попуштаат на Москва, рече Пенс и ги повика двете завојувани страни во источна Украина да го почитуваат новото склучено примирје./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *