Роберт Харвард ја одби понудата на Трамп да биде негов советник за национална безбедност

Роберт Харвард ја одби понудата на Трамп да биде негов советник за национална безбедност

 

Роберт Харвард, изборот на американскиот претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност ја одби понудата за работа.

Пензионираниот вице-адмирал Роберт Харвард беше фаворит на Трамп за оваа функција откако го отпушти Мајкл Флин во понеделникот.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Харвард како причина за одбивањето навел семејни и финанисики обврски, но американските медиуми објавија дека камен на сопнување бил неговиот план да си донесе свој тим.

Мајкл Флин доби отказ бидејќи го довел до заблуда потпретседтаелот Мајк Пени за неговите разговори со русдкиот амбасадор во САД.

Најновата препрека се појави неколку часа откако Трамп ги негираше медиумските извештаи за неред во Белата куќа, инсистирајќи на прес-конференција дека неговата администрација работи како “фино подесена машина”, пренесува BBC. /крај/мф/вс