Тилерсон: Русија е опасна, американските сојузници и НАТО со право се загрижени

363

Рекс Тилерсон, именуван за нов државен секретар на САД од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави на сослушувањето во средата пред комисијата за надворешна политика на Сенатот, дека Русија е „опасна“ и оти сојузниците во НАТО „со право“ се загрижени поради нејзиното враќање на меѓународната политичка сцена, но изнесе и размислување за условите под кои САД можат црноморскиот полуостров Крим да го признаат како руска територијано изнесе и размислување за условите под кои САД можат црноморскиот полуостров Крим да го признаат како руска територија.

Поранешниот директор на голема нафтена компанија по сослушувањето се очекува да биде потврден на должноста шеф на американската дипломатија, а е близок на рускиот претседател Владимир Путин, со кого новиот американски претседател Доналд Трамп сака подобри односи, коментира AFP.

„Русија денес е опасна. Но не е непредвидлива. Зазема украинска територија, дофаќајќи го Крим и им даде помош на сириските сили кои силно грубо ги кршеле законите на војувањато“, истакна Рекс Тилерсон од кој американските сенатори токму сакаа да дознаат за неговите врски со Русија додека беше главен директор на „ExxonMobil“ од 2006 до 31-ви декември 2016 година.

На темата Украина во текот на сослушувањето Тилерсон беше прашан дали смета дека „САД никогаш не треба да ја признаат легитимноста на анексијата на Крим, како што беше со балтичките републики“.

„Единствен начин на кој тоа е возможно, е поширок договор, кој ќе ги уважува интересите на украинскиот народ. Без него ние никогаш не треба да го признаеме“, реле Тилерсон мислејќи на присоединувањето на Крим на Москва каде што населението, кое е мнозинско руско и рускојазично со референдум во март 2014 година изгласа враќање на автономијата укината во 1990-те од страна на властите во Киев и присоединување кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.

„Нашите сојузници во НАТО со право се грижат поради враќањето на Русија“ на меѓународната сцена, рече Тилерсон, откако Трамп во предизборната кампања ги критикуваше сојузниците во НАТО и самата организација, во прв ред членот 5 од повелбата на Алијансата во случај на надворешна агресија.

Таа изјава предизвика вознемиреност кај американските сојузници во Европа. Меѓутоа, Трампи алудираше во прв ред на нивните недоволни вложувања во секторот на одбраната и трошоците на САД во врска со осигурувањето на нивната сигурност, поради намалувањата на нивните трошоци во буџетите за одбрана кои не се на ниво на договорениот процент.

Сослушувањето на Тилерсон се одвива во многу мачна атмосфера во Вашингтон. Трамп, имено во средата многу остро реагираше и ги демантираше наводните разузнавачки материјали дека Русија врз него вршела притисок кои се појавија во некои американски медиуми, како и дека Москва поседува компромитирачки материјали за него.

Тилерсон, исто така, изрази жалење што Кина „не беше веродостоен партнер и не го искористи своето влијание за да ја запре Северна Кореја“ и нејзините, како што оцени, според меѓународното право незаконски воени балистички и нуклеарни програми. На крајот заклучи дека кинеските интереси понекогаш биле „во спротивност со американските“.

Шеесет и четиригодишниот Рекс Тилерсон, дипломирал на Тексашкиот универзитет во Остин. Речиси четири децении работел во „ExxonMobil“, почнувајќи ја кариерата како обичен инженер, а во доцните 1990-те ги водел проектите на компанијата во Русија.

Тилерсон е на чело на „ExxonMobil“ од 2006 година. Во 2011 година тој го потпиша договорот со рускиот нафтен гигант „Роснефт“ за истражувања во Арктик. Во 2014 година „ExxonMobil“ мораше да ги суспендира своите активности во споменатиот проект, поради американските санкции против Русија поради нејзината наводна улога во украинската криза. Тилерсон, притоа ги критикуваше потегот на американскиот претседател на заминување Барак Обама, изразувајќи сомневање во ефикасноста од споменатите санкции.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, запрашан за коментар за именувањето на Тилерсон тогаш за агенцијата РИА изјави дека „Кремљ смета оти станува збор за професионалец./крај/мф/сн

Коментари

коментари