Тилерсон: Санкциите ќе останат сѐ додека има руски сили на Крим

Тилерсон: Санкциите ќе останат сѐ додека има руски сили на Крим

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, е во посета на Виена, од каде што потенцира дека санкциите кон Русија ќе останат сè додека нејзините воени сили не бидат повлечени од Кримскиот Полуостров.

Тилерсон во своето обраќање на состанокот на Советот на министри остро ја критикува улогата на Русија во украинскиот конфликт и изјави дека САД никогаш нема да прифатат окупација и обид за анексија на Крим.

„Санкциите на САД остануваат во сила додека Русија не ги повлече вооружените сили од Донбас“, порача Тилерсон.

Русија ги вооружува и обучува локалните сепаратисти, истакна шефот на американската дипломатија, додавајќи дека годинава во кризните подрачја се убиени повеќе луѓе во споредба со минатата.

„Ние мора да го почитуваме правото на секоја држава независно да ја одбере својата политичка иднина“, нагласи Тилерсон во врска со раководството на Украина.

Претходно и естонскиот министер за надворешни работи, Свен Миксер, ја критикува руската агресија против Украина.

„Нелегалната анексија на Крим придонесе за појава на нов мрачен период“, рече Миксер додавајќи дека Москва мора да ги почитува своите меѓународни обврски и да го обнови територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.