МАКФАКС

Тони Блер ги повика Британците „да се кренат“ против Brexit

Тони Блер ги повика Британците „да се кренат“ против Brexit
17.02.2017, 09:22

 

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе ја објави својата „мисија“ да ги убеди Британците да се кренат и да го сменат своето мислење за Brexit, јави BBC.

Поранешниот премиер, во својот говор подоцна ќе каже, дека луѓето гласаа на референдум, без да ги знаат вистинските услови за напуштање на Европската унија или Brexit.

Тој вели дека сака да “изгради поддршка за изнаоѓање излез од сегашното брзање преку работ на карпата”.

Но, поранешниот министер во кабинетот Иан Данкан Смит изјави дека коментарите на Блер се арогантни и крајно недемократски.

Даунинг стрит соопшти дека се „апсолутно посветени“ да го истераат Brexit-от до крај.

Премиерката Тереза Меј има намера да ги активира формалните преговори за напуштање на ЕУ до крајот на март – потег кој доби поддршка од пратениците во Долниот дом минатата недела. /крај/мф/вс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *