МАКФАКС

Уапсените за безредијата во Вашингтон се соочуваат со казни до 10 години затвор

Уапсените за безредијата во Вашингтон се соочуваат со казни до 10 години затвор
22.01.2017, 01:08

На лицата кои беа приведени во петокот во безредијата во Вашингтон во времето на инаугурацијата на 45-от претседател на САД им се закануваат долгогодишни затворски казни и високи парични глоби, пренесува Associated Press наведувајќи ја канцеларијата на сојузниот обвинител на округот Колумбија во кој е престолнината.

Повеќето од 230-те приведени во петочните немири веќе се обвинети за предизвикувања или учество во насилни безредија и можат да добијат до 10 години затвори и глоба во висина од 250.000 долари.

Во меѓувреме некои од уапсените во саботата беа ослободени со кауција, а пред судовите ќе треба да се појават во февруари, се додава во извештајот.

Најголем дел од уапсените се противници на новиот американски претседател Доналд Трамп, но има и негови приврзаници.

Во текот на неговата инаугурација, група од околу 500 маскирани лица неколкупати се судрија со полицијата,која оцени дека станува збор за координирани дејствија. Вооружени со чекани и метални шипки кршеле излози на канцелариите на познатите американски компании и на возила, а палеле луксузни лимузини во центарот на американската престолнина, соопшти полицијата.

Органите на редот чии припадници беа нападнати со шишиња и камења и притоа шест мина од нив беа полесно повредени, одговорија со солзавец, шок бомби и водени топови./крај/мф/сн

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *