Фараж на американските конзервативци им порача дека 2016-та е само почетокот

Фараж на американските конзервативци им порача дека 2016-та е само почетокот

Поранешниот лидер на Британската независна партија (UKIP), Најџел Фараж, доби голем аплауз на годишната Конвенција на конзервативната политика на акција (CPAC) на Републиканската партија, која се одржува близу Вашингтон, откако рече дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори минатата 2016 година е само почетокот на револуцијата против глобалистите.

 

„Коа следната генерација ќе учи за историјата на овој период, една година ќе се истакнува, а таа година ќе биде 2016-та“, изјави Најџел Фараж кој беше еден од најголемите заговорници Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија, што се оствари на референдумот на 23-ти јуни минатата година.

Зборувајќи за изборите коишто оваа година го очекуваат Холандија, Франција и Германија, а можеби и Италија, Фараж изјави дека 2016-та била само „почеток на големата глобалната револуција“. „Таа ќе го зафати и остатокот од западниот свет“, предвиде Британецот.

Потсети дека го поддржуваше Доналд Трамп во текот на кампањата и додаде дека неговата победа ја чувствуваат „сé повеќе Американци“.

Фараж му честиташе на Трамп на неговиот прв месец од претседателската должност. „Не е ли изненадувачки, да се виде еден челник кој ја спроведува програмата врз чиишто основи која е избран?“, запраша./крај/мф/сн