МАКФАКС

Хакери на Twitter акаунтот на NYT објавија за руски ракетен напад врз САД

(© AP Photo/ Mark Lennihan)

Хакери на Twitter акаунтот на NYT објавија за руски ракетен напад врз САД
23.01.2017, 08:12

На ден од акаунтите на весникот The New York Times на социјалната мрежа Twitter беше објавена вест дека Москва донела одлука за ракетен напад врз САД, но подоцна било разјаснето дека профилот бил подложен на хакерски напад, пишува The Hill.

„Ударна вест. Од изјавата на Владимир Путин произлегува дека Русија ќе изврши ракетен напад врз Соединетите држави“, било наведено во споменатата објава на микроблогот New York Times Video во неделата утрото по локално време.

Наскоро весникот соопштил дека акаунтот бил хакиран. „Отстранивме неколку твитови, објавени без наша одлука ова утро. Поведовме истрага“, објави NYT.

Според The Hill, профилот на NYT најверојатно биле под контрола на хакерите од групата којашто се нарекува себеси OurMine, чијашто активност повеќепати во минатото го свртуваше вниманието на медиумите.

Исто така преку Twitter оваа група ги објави лажните вести за смртта на британската кралица Елизабета Втора и пејачката Бритни Спирс. Покрај тоа, според медиумите, хакерите од OurMine се вклучени и во упадите на страниците на компаниите Marvel, Netflix и Sony Music Global.

Претходно во саботата на еден од акаунтите на британскиот јавен сервис BBC се појави вест за наводно ранување на новиот американски претседател Доналд Трамп во текот на церемонијата на неговата инаугурација. Подоцна уредништвото објави дека бил хакиран профилот на Twitter и дека повеле истрага за тоа./крај/мф/сн

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *