МАКФАКС

Шест жртви на пожарите во четири американски држави

Шест жртви на пожарите во четири американски држави
08.03.2017, 11:33

 

Во пожарите кои неколку дена горат во четири американски држави, загинаа шест лица, а уништена е површина од повеќе стотици квадратни километри.

Во среда се очекува да се намали јачината на ветрот кој го отежнува гасењето на пожарот во Канзас, Колорадо, Оклахома и Тексас, наведоа надлежните.

Во пожарот во Канзас загина едно лице, додека четири страдале во пожарите во Таксас.

Властите во Оклахома наведуваат дека една жена починала од срцев удар во обид да ја спаси фармата од пожарот.

Гувернерката на Оклахома, Мери Фалин, прогласи вонредна состојба во 22 округа./крај/мф/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *