Свет
Белата куќа бара од Трамп да се определи на чија страна е
Новата американска администрација треба да се определи каква позиција ќе заземе – руската или на американската разузнавачка заедница, изјави во портпаролот на Белата куќа, Џошуа Ернест откако претходно беше оценето дека изјавите на рускиот претседател Владимир Путин се совпаднале со изјавите на претставници на новата администрација, во кои се укажуваше на обидите да се стави под сомневање легитимноста на изборот на новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Ова, дефинитивно, многу потсетува на она што го зборува новата администрација. Ова не е првпат рускиот претседател да ја проблематизира чесноста на американската влада“, рече Ернест.
Портпаролот на заминување од Белата куќа истана дека новиот претседател Доналд Трамп и претходно го критикувал американското разузнавање, алудирајќи на изјавите на рускиот челник.
Претходно во вторникот Путин ја обвини сегашната администрација на САД за обид да се доведе под прашање легитимноста на избраниот претседател Доналд Трамп.
„Во моментов во САД гледаме продолжување на острата меѓупартиска војна, и покрај тоа што претседателските избори завршија со убедлива победа на господин Трамп“, изјави Путин пред новинарите,
На редовниот брифинг во Белата куќа во вторникот портпаролот Џош Ернест беше прашан од новинарите да ја коментира изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, за тоа дека оние кои во САД се занимаваат со фалсификување на фактите се полоши од проститутките. Во одговорот, во текот на својот последен официјален брифинг, Ернест посочи дека припадниците на американската разузнавачка заедница „не првпат укажувале на непријатни работи во однос на Русија“.
„Има прилично јасна е поделба. Од една страна припадниците на разузнавачката заедница, како и на демократи и републиканци во Конгресот, вознемирени од методите со кои Русите се стремат да ја поткопаат нашата демократија. Од другата страна се WikiLeaks и Русите. Новата администрација треба да се определи за своите позиции“, смета Ернест.
Тој го илустрираше тоа со своето тврдење дека кога Русија донела одлука за воздушните удари врз терористичките групи, за да видат „што САД и нивните сојузници прават таму за борбата со тие екстремисти“.
Во продолжение Ернест изјави дека Русија во Сирија „извојувала само една победа со терористите“ при заземањето на Палмира, „којашто подоцна бунтовниците ја вратија под своја контрола“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.