Свет
Избори во Русија: Путин цврсто се држи за претседателскиот стол
Денеска Русите бираат претседател на државата, а сопред многу истражувања резултатот е извесен – нов мандат на Владимир Путин, пишува „Вашингтон Тајмс“. Путин, според анкетите, води со голема разлика пред останатите кандидати.
Според државниот истражувачки центар, VCIOM, за Путин би гласале 69 отсто од гласачите, а следниот кандидат според изјаснувањето на анкетираните, Павел Грудинин од Комунистичката партија, има само една десетина од тоа.
Руската опозиција вели дека Путин е на власт, во една или друга форма, уште од 1999 година и ги контролира политичките, медиумските и бизнис кругови, поради штo е невозможно да се собори од функцијата.
„Ова се лажни избори“, вели Ксенија Собчак, поранешна ТВ-ѕвезда, а сега најсилен либерален кандидат на изборите. Сепак, анкетите и даваат само два отсто од вкупниот број на гласови.
„Но и покрај тоа што резултатот е предвидлив, руските претседателски избори треба да се следат со внимание“, пишува „Вашингтон Тајмс“.
Имено, Путин одржува огромна популарност со години, која од 2012 година порасна за повеќе од 10 отсто, а во текот на целата негова кариера има голема поддршка од јавноста. Според истражувањето на компанијата „Левада Центер“, Путин минатата година имал поддршка од 80 отсто од испитаниците, процент што би го посакал секој западен политичар. Колку за споредба, тоа е двојно повеќе од поддршката што ја ужува американскиот претседател, Доналд Трамп.
Кремљ постави цел дека Путин ќе добие 70 отсто од гласовите на изборите, а одзивот ќе биде 70 отсто, што во Русија не се случило уште од 1991 година. На последните избори за Думата, одзивот на гласачите беше под 50 отсто. На локалните избори, одзивот беше само 28 отсто. „Левада Центер“, пак, проценува дека околу 52 отсто од гласачите ќе излезат на претседателските избори.
И според „Ројтерс“ денешните претседателски избори во Русија нема да донесат изненадување. Се очекува доминација на Владимир Путин, а единственото прашање што се поставува е уште колку долго ќе трае неговото владеење, пишува британската агенција.
Речиси 18 години, овој поранешен разузнавачки агент ја контролира власта во Русија, како претседател или премиер. Според уставот, Путин сега има право на уште шестгодишен мандат. Сепак, не е мал бројот на експерти кој прогнозираат дека Путин би можел да тргне по стапките на кинескиот претседател, Кси Џинпинг, кој едноставно ја укина уставната одредба што го ограничува траењето на мандатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.