Свет
Прва средба на британски политичар со новоизбраниот претседател на САД
Евроскептичниот десничарски политичар Најџел Фараж стана првиот британски политичар кој се сретна Доналд Трамп по неговата победа на американските претседателски избори на 8-ми ноември.
Во саботата Најџел Фараж се сретнал со Доналд Трамп во неговата резиденција во Њујорк, откако предложи дека би можел да посредува во подобрувањето на британските односи со новоизбраниот претседател на САД.
„Само сме туристи“, им изјавил Фараж на новинарите додеа чекал лифт во предворјето на „Трамп тауер“. Подоцна на Twitter објави фотографија со насмеаниот Трамп пред Златната порта.
Портпаролот на Партијата за независност на Велика Британија (UKIP), потврди во неделата дека привремениот челник на партијата се сретнал со Доналд Трамп во „Трамп тауер“ во Њујорк. Според портпаролката на новиот американски претседател, Келиан Конвеј, средбата ила „многу продуктивна“.
Од „Даунинг стрит 10“, седиштето на британската влада, коментираа дека Фараж „нема улога“ во врските на британската влада со идната американска администрација.
По средбата со Трамп, Фараж напиша дека „Претставуваше голема чест да бидам заедно со Доналд Трамп, Тој беше спокоен и полн со добри идеи. Убеден сум дека тој ќе биде добар претседател. Неговата поддршка за односите меѓу САД и Велика Британија е многу силна. Тоа е човекот со кој ние можеме да соработуваме“.
Портпаролката Конвеј изјави дека двајцата „изразија задоволство од заедничкото дружење и имаа можност да зборуваат за слободата и победата, и што значи сето тоа за светот“,
Истовремено извори од партијата UKIP соопштија дека срдбата меѓу Трамп и Фараж „направила британската премиерка да изгледа многу глупаво“.
Претходно Фараж за американските медиуми изјави дека кабинетот на премиерката Тереза Меј бил „многу груб“ во однос на Доналд Трамп и оти нејзините критики на почетокот од кампањата може да нанесат штети на Вашингтон.
„Трамп е англофил, тој го разбира и го признава она што нашите две големи нации го направија заедно“, изјави Фараж за американската телевизиска мрежа Fox News.
Беше соопштено дека премиерката Тереза Меј планира да се сретне со Доналд Трамп во текот на првите три месеца откако официјално ќе ја презема должноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.