Европа
Путин: Во Сирија на страна на бунтовниците војуваат до четири илјади лица од Русија
Во Сирија, на страна на милитантните групации војуваат околу четири илјади лица кои потекнуваат од Руската Федерација, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со високите воени челници на Северната флота кои се вратија од извршувањето на борбените задачи во Средоземното Море во близина на сирискиот брег, зборувајќи за задачите на Русија и секташката поделба во Сирија.
„За сите нас подеднакво е важно тоа што, за жал, на територијата на Сирија се концентрираа голем број милитанти, жителите на републиките на поранешниот Советски сојуз и од самата Русија. Според нашите првични информации, бројката се изразува во илјадници. Според податоците на Генералштабот на вооружените сили и другите нашите специјални служби, ФСБ, на пример, до четири илјади од Русија и пет илјади од републиките на Советскиот сојуз“, го цитира агенцијата ТАСС рускиот претседател на Владимир Путин на состанокот со офицерите од Северноморската флота.
Притоа Путин истакнал дека Северна флота им нанела сериозни штети не милитантите.
„Се справивте со сите задачи кои беа поставени пред вас, им нанесовте сериозни, значителни штети на меѓународните терористички организации, врз нивите бази, складишта со оружје и муниција, нивната опрема и инфраструктура“, рекол рускиот претседател.
Путин истакнал дека во рамките на борбените операции во Сирија првпат биле употребени авионите „МиГ-29“ во поморски операции и со оружја со висока прецизност.
Истовремено рускиот претседател е уверен дека задачата на Русија во Сирија е да се задржи легитимната власт во Дамаск, и особено „да се стави крај на епидемијата од тероризам“.
„Не си поставивме задача да се мешаме во внатрешните работи на Сирија. Нашата задача е да се стабилизира во земјата легитимната власт и да му се нанесе решавачки удар на меѓународниот тероризам. А од тие позиции и натаму ќе дејствуваме“, рекол Путин.
Додал дека „многу брзо Сирија ќе се приближи до политичко решение, што на светската заедница и на нас самите ќе ни овозможи да се стави крај на терористичката закана која потекнува од територијата на Сирија“.
Рускиот челник, исто така, посочил дека во Сирија се забележливи и знаците на конфесионалниот раздор.
„Особено ме обеспокојува конфесионалната поделба, односно тоа што припадниците на одредена конфесионална заедница се концентрираат во едни региони од земјата (Сирија), а претставниците на другите во други региони, а тоа е образец за можни негативни последици за таа земја“, рекол Путин.
Рускиот лидер истакнал дека Сирија е мултинационална и мултиконфесионална држава, и „долго време беше секуларна држава, што беше гаранција за територијалната целост на оваа земја“ истовремено додавајќи дека територијалниот интегритет на Сирија е прашање на самите Сиријци.
„Неопходно е да се стори сé што е возможно за при решавањето на ова клучно прашање зачувувањето на територијалната целост на Сирија, да нема надворешно мешање. А нашата задача, и ние токму ја правиме таа работа, е борбата со терористичките групации“, порачува Путин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.