Свет
Стрелките на „Часовникот на Судниот ден“ поблиску до „нуклеарната ноќ“
Американските научници ги поместија стрелките на симболичниот „Часовник на судниот ден“ првпат во 70 години за 30 секунди, и сега се запрани на 23:57:30 часот, се наведува во соопштението на американскиот магазин Bulletin of the Atomic Scientists.
Најблиското време коешто овој часовник до нуклеарната катастрофа го покажуваше беше во 1953 година – 23:58 во врска со тестирањето на термонуклеарните (хидрогенски) бомба. За цели 17 минути, па човештвото беше далеку од нуклеарната катаклизма во 1991 година, поради завршувањето на Студената војна.
Меѓу причините за ваквата одлука на научниците се наведуваат глобалните проблеми со коишто се соочува човештвото, како и изјавите на некои политичари, меѓу кои и на новиот американски претседател Доналд Трамп
„Светските лидери не успеаја да се справата со најголемите закони за човештвото, односно нуклеарната закана и заканата од климатските промени. Вознемируваат коментарите во врска со употребата и ширење на јадреното оружје, дадени од Доналд Трамп, а исто така и недовербата кон најважниот научен консензус за климатски промени, искажани од него и од личностите во американската администрацијата, влијае на оваа одлука, како и острото пројавување на национализмот во целиот свет“, се образложува во соопштението.
„Државниците мора да дејствуваат неодложно, изведувајќи го човештвото од работ на пропаста“, се резимира во написот во Bulletin of the Atomic Scientists.
Точно пред една година, на 27-ми јануари 2016 година, главниот уредник на ова авторитетно списание Рајчел Бронсон објави дека стрелките на „Часовникот на судниот ден“ е решено да останат на местото. Според уредувачкиот колегиум, меѓу позитивните моменти тогаш беа постигнувањето на договорот за нуклеарната програма на Иран и климатската конференција во Париз, а меѓу негативните беа влошувањето на односите меѓу САД и Русија, продолжените нуклеарни тестирања во Северна Кореја и зголемувањето на глобалната терористичката закана.
Ткн „Часовник на Судниот ден“(Doomsday Clock) е создаден од страна на група американски физичари коишто учествуваат во нуклеарниот проект на редакцијата на магазинот Bulletin of the Atomic Scientists. Првата слика на часовникот се појави на насловната страница на списанието во 1947 година. Тогаш стрелките укажуваа на 7 минути до „полноќ“ од светската нуклеарна катастрофа.
Оттогаш на 14-ти јануари, во 16 часот по средноевропско време, во зградата на американската Академија за наука во Њујорк, се придвижува големата стрелка на славниот „Часовник за Судниот ден“, а настанот, првпат, во директен пренос можеа да го следата заинтересирани луѓе кои имаат пристап до интернет во 2010 година.
Во 2012 година стрелката на часовникот беше поместена за една минута и покажуваше пет минути до полноќ, Oригиналниот часовник се чува во канцелариите на Билтенот за атомска наука во Чикаго. Последен пат стрелката што покажува минути беше придвижена во јануари 2007 година, кога е поместена нанапред за две минути, од седум на пет минути пред полноќ.
„Промената треба да ги означи главните извори на потенцијалната катастрофа, што би можела да нѐ приближи до Армагедон“, пишува Билтенот за атомска наука, магазин чија мисија е „да го предупреди светот на опасноста што се заканува по откривањето на атомската бомба“.
Според списанието, опасности се закануваат од сите страни: од 27 илјади атомски бомби, од кои две илјади во секој миг се подготвени за лансирање, до уништување на околината и климатските промени.
Факторите што влијаат врз најновото придвижување на стрелките на „Часовникот за Судниот ден“, ги вклучуваат и меѓународните преговори за намалување на нуклеарниот арсенал и спречување на шверцувањето на радиоактивниот материјал, ширење на цивилниот нуклеарен сектор, потенцијалниот нуклеарен тероризам, како и климатските промени.
Билтенот за атомска наука е основан во декември 1945 од научник при Универзитетот во Чикаго, кој учествувал во Проектот Менхетен, односно во создавањето на првата атомска бомба, а „Часовникот за Судниот ден“ е „направен“ во 1947 година, со порака дека човештвото се наоѓа на „неколку минути пред полноќ“, каде полноќ всушност претставува „нуклеарно разорување, климатски промени и нови технологии“.
Стрелките се придвижуваат во склад со промените на околностите – нанапред или наназад – зависно од тоа колку светот е оддалечен од тотална атомска војна. Кога бил претставен во 1947 година, светот влегуваше во период на Студената војна, а стрелката била поставена на седум минути до полноќ. Од тогаш, стрелката била придвижувана 18 пати. Најблиску до Судниот ден, светот бил во 1953 година, кога стрелката била поставена на две минути до полноќ, а во тоа време САД и СССР направиле термонуклеарни проби во период од девет месеци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.