Свет
Трамп: Ви ја враќаме моќта од Вашингтон
Републиканецот Доналд Трамп ја положи во петокот заклетвата како 45-ти претседател на САД наследувајќи го демократот Барак Обама, а на длабоко поделената нација ѝ порача дека ќе ѝ ја врати моќта концентрирана во Вашингтон, дека нема да им го наметнува на другите земји образецот на САД но дека дома и во странство ќе ја спроведува политиката „Америка на прво место“.
Додека во разни делови од Вашингтон се одвиваат собири против него и во негова поддршка, Доналд Трамп ја подигна десната, а левата рака ја положи на Библијата која во пригодата на положувањето на заклетвата од 35 зборови од американскиот устав која ја користел 16-от американски претседател Абрахам Линколн во 1861 година. Заклетвата ја прочита претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс.
Трамп потоа ги рашири рацете и ги прегрна сопругата Меланија и другите членови од семејството, и го одржа својот инаугурацискиот говор.
„Овој момент е ваш момент, тој ви припаѓа вам“, изјави Трамп пред мноштвото кое претходно го исвирка Чак Шумер, лидерот на демократското малцинство во Сенатот.
Повторувајќи ги темите од својата претседателска кампања, Трамп истакна дека цел на неговото претседателство ќе биде помош на средната класа, јакнење на војската и заштита на границите.
„Ја пренесуваме моќта од Вашингтон и ви ја враќаме вам“, истакна.
„Од денес нова визија ќе владее со напата земја. Од овој ден натаму Америка ќе биде на првото место“, порача Трамп.
Транзицијата меѓу демократскиот и републиканскиот претседател се одржа на западниот дел од Капитол Хил пред публиката во која беа поранешни претседатели и функционери, и стотици илјади луѓе на Нешнел Мол,
Медиумите забележуваат дека Хилари Клинтон, која како демократски кандидат беше поразена од Трамп на 8-ми ноември, заедно со сопругот 42-от американски претседател Бил Клинтон, биле „судено“ поздравени од масата, што е разбирливо бидејќи мноштвото од речиси милиони луѓе според нивните процени се приврзаници на Трамп.
Седумдесетгодишниот милијардер од Њујорк го презема водството на длабоко поделеното американско општество и ќе ги поведе САД на нови патеки, кои засега се енигма, како во самата Америка, така и во странство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.