Свет
Цело одделение од основно училиште меѓу жртвите од пожарот во Русија
Меѓу жртвите на стравичниот пожар што го проголта трговскиот центар во рускиот град Кемерово наводно е и цело одделение на едно основно училиште, јавуваат светските медиуми. Како што пренесуваат, децата дошле со учителката на излет во Кемерово, при што, таа решила да прошета, а децата останале во киното, од каде, за жал, не успеале да излезат.
Некои од заробените деца, според информациите, ги повикале родителите или пријателите преку социјалните мрежи барајќи спас. Тие не можеле да излезат поради огнот, па почнале да се збогуваат со своите најблиски.
Ана Заречнева, која успеала да побегне од огнот, раскажала дека алармот за пожар не се огласил, како и дека таа и нејзиното семејство успеале да побегнат откако други посетители на трговскиот центар ги известиле за вонредната состојба.
„Моравме да излеземе поради пожарот, не е добро….На третиот кат, каде што е киното е целосен мрак. Луѓето се во паника, децата плачат….“ рекла Заречнева.
Надлежните служби соопштиле дека над 60 луѓе загинале, а po исчезнатите сè уште се трага. Исто така полицијата соопштила дека се уапсени четири лица, а дека се трага по сопственикот на трговскиот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.