Свет
Повеќе лица сменети од раководните функции
Центрите за социјална работа во Гевгелија и во Струга и Управата за прашања на борци и на воени инвалиди се трите институции кај кои внатрешната ревизија на Министерството за труд и социјална политика констатирала неправилности во трошењето на буџетските средства, соопшти вчера министерот Стевчо Јакимовски.
Центрите за социјална работа во Гевгелија и во Струга и Управата за прашања на борци и на воени инвалиди се трите институции кај кои внатрешната ревизија на Министерството за труд и социјална политика констатирала неправилности во трошењето на буџетските средства, соопшти вчера министерот Стевчо Јакимовски. Тој соопшти дека поради неправилности во работењето биле сменети првите луѓе на неколку подрачни единици и организации што се под капата на ова Министерство.
– Кај Центарот за социјална работа во Гевгелија има подобрување, Управата се уште не одговорила на забелешките на ревизорот за начинот на трошење на парите и спроведување на процедурите, додека Центарот за социјални работи од Струга нема постапено по упатствата, поради што од раководното место ќе биде разрешен досегашниот директор – рече вчера Јакимовски.
Тој појасни дека не се работи за злоупотреби на финансиски средства, туку за незапазување процедури што се потребни за остварување на социјалните права.
Тој информира дека ревизии биле направени и во градинката „13-ти Ноември“ од Скопје, детските одморалишта „Илинден“ во Гостивар, „Пелистер“ во Битола, „Мајски цвет“ во Струга и во организацијата за одмор и рекреација „Младост“. По ревизиите биле сменети директорите на „Илинден“ и на „Младост“.
Јакимовски соопшти дека во тек се ревизии во Министерството и Државниот инспекторат за труд. Тој информира дека биле контролирани и јавните набавки во Министерството за труд и социјална политика, при што не биле констатирани неправилности. Од вкупно 35 јавни набавки, за 29 биле распишани тендери, а другите бидејќи биле на помали суми се набавувале без тендер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.