Свет
И словенката Јелка потписник на сметката на компанијата
Вчера во Основниот суд 1 во Скопје со сослушување на неколкумина сведоци продолжи судскиот процес против Бесник Фетаи поранешен министер за економија кој заедно со уште петмина е обвинет за криминална приватизација на НИП Нова Македонија.
СУДЕЊЕ ПРОТИВ ОБВИНЕТИ ЗА КРИМИНАЛНА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА НИП “НОВА МАКЕДОНИЈА”
Вчера во Основниот суд 1 во Скопје со сослушување на неколкумина сведоци продолжи судскиот процес против Бесник Фетаи поранешен министер за економија кој заедно со уште петмина е обвинет за криминална приватизација на НИП Нова Македонија.
Беше сослушана раководителка на финансовиот оддел на НИП-от која појасни кој биле потписници на сметката на компанијата и дали се делеле плати или не, на вработените. Потписници биле Тасев , Кирил Талевски, Ѓорѓи Бошков и некоја словенка Јелка на која никој не и го знеше презимето. “Пари немаше префрлено од Владата , а од словенците имаше. Но тие не беа користени оти се најавуваше штрајк” кажа претставничката на одделот.
Потоа беше сослушан и претставник на синдикатот кој во детали го образложи колективниот договор според кој дел од вработените требало да бидат преквалификувани . Сведокот кажа дека со вработените било договарано да им биде исплатена една цела плата , а остатокот на дест рати. Исто така според договорот тие не смеело да бидат отпуштени од работа пет години.
Според списите на обвинението, во септември пред две години Никола Тасев, поранешен Претседател на Управниот одбор на НИП “Нова Македонија”, Ѓорѓи Бошков директор на маркетингот на весникот, Душко Аврамски ексдиректор на Агенцијата за приватизација, Зоран Стојановиќ вработен во фирмата “БНМ” и Гордана Кузмановска вработена во “ЗУМ Продакшн” и Бесник Фетаи , поранешен министер за економија, злоупотребувајќи ги нивните работни позиции се стекнале со имотна корист од над два милиони евра. (К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.