Свет
Штетите на Ниас помали од прогнозираните – потврдена смртта на 430 лица
Штетите и уништувањата на индонезискиот остров Ниас, кој беше погоден во синоќешниот земјотрес со магнитуда 8,7 рихтерови степени, се помали од предвидените.
Штетите и уништувањата на индонезискиот остров Ниас, кој беше погоден во синоќешниот земјотрес со магнитуда 8,7 рихтерови степени, се помали од предвидените. Сметам дека уништувања не се толку големи, како што соопштија локалните претставници. Тие зборуваа врз основа тоа што го виделе за време на ноќта, додека ние ги видовме штетите од воздух, изјави пратеникот на индонезискиот претседател Силалахи. Локалните претставници соопштија дека 80 отсто од најголемиот град на островот е разрушен. Во моментот е потврдена смртта на 430 лица во синоќешниот земјотрес. На островот Ниас загинале 330 души, а на островот Симеулуе бројот на жртвите изнесува 100 лица./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.