Свет
Работници го држат директорот на „Сони“ како заложник
Работници го држат како заложник директорот на филијалата на „Сони“ во Франција, во обид да го натераат јапонскиот електронски гигант да им исплати поголеми отпремнини.
Гневните работници сметаат дека со овој чин ќе го натераат јапонскиот електронски гигант ќе им исплати повеќе од тоа што им ветил, по затворањето на фабриката. Серж Фушер вчера заминал во фабриката во Понто-сур-л’Адур во југозападна Франција за уште еднаш да се сретне со 311 работници пред затворањето на фабриката на 17 април, пренесуваат новинските агенции.Работниците, меѓутоа, кои велат дека нивните отпремнини се момали отколку оние на останатите работници во фабриките во Франција кои се веќе затворени, одлучија да одржат штрајк, го блокираа влезот во кругот на фабриката со три камиони и го спречија Фушер да замине.„Тој беше држен во текот на целата ноќ во салата за состаноци“, изјави претставникот на ЦГТ синдикатот Патрик Хачхагуер.„Од нас беше побарано да го ослободиме Фушер од фабриката рано утринава за да се сретне со префектот и со работниците. Но работниците, кои побараа од префектот да дојде во фабриката“, одбија да го сторат тоа, додаде тој.Хачхагуер изјави дека заменик префектот ќе дојде во фабриката, но официјални извори велат дека нема да го стори тоа се додека не добие гаранции дека Фушер ќе биде ослободен.„Сони Франција“ го најави во декември затворањето на фабриката во Понто-сур-л’Адур, која од 1984 година се специјализира за производство на видео ленти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.