Свет
„Сандеј тајмс“: Разузнавачка „битка“ на Израел и Иран за територијата на Еритреја
Разузнавачките агенции на Израел и на Иран секоја за себе, спроведуваат шпионски операции на територијата на Еритреја насочени едни спроти други за да се неутрализира дејствувањето на противникот, пишува „Сандеј тајмс“.
Лондонскиот неделник, открива дека Израел е загрижен што еритрејското пристаниште Асаб на брегот на Црвеното Море е претворено во „попатна станица“ на патот по кој оружјето се доставува до исламистичките екстремисти во Газа. Во Еритреја израелското разузнавање се вели дека има две свои „прислушно-набљудувачки“ станици, па дури дека е создадена и воена база. Весникот објавува дека наводно од неа е извршен неодамнешниот напад врз еден конвој со оружје во Судан за кого се тврди дека бил наменат за територијата на Газа.Претседателот на оваа источноафриканска држава Исаија Афеверки чие владеење од 1993 година се опишува како „диктаторско“ не одржува блиски односи со Иран, но има пријателски врски со Израел. Од почетокот на 2008 година, меѓутоа, Еритреја и Иран имаат потпишано спогодби за економска и трговска соработка откако претседателот Афеверки беше во посета на Техеран и се сретна со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. По тоа, Иранците отворија морнаричка база на еритрејскиот брег, од каде го „надгледуваат транспортот на нафтата на Иран“ кон светот.„Сандеј тајмс“ стравува дека Еритреја би можела да биде сцената на која би се случил првиот директен воен судир меѓу Иран и Израел чие разузнавање инфилтрирањето на Техеран во оваа африканска земја го доживува како тежок пораз во моментите кога Иранците настојуваат да се стекнат со поголемо влијание на Блискиот Исток и на подрачјето од Рогот на Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.