Свет
Уапсени седум лица осомничени за вмешаност во грабежот на векот во Ирска
Седум лица осомничени за можна вмешаност во грабежот на столетието во една ирска банка, биле уапсени во Даблин и Корк – јавија британските и ирските медиуми.
Седум лица осомничени за можна вмешаност во грабежот на столетието во една ирска банка, биле уапсени во Даблин и Корк – јавија британските и ирските медиуми повикувајќи се на полициски извор. Грабежот се случи на 20 декември минатата година, кога од северно-ирската „Нортерн банк“ беа украдени 22 милиони фунти. Во истиот момент за грабежот беше осомничена Ирската републиканска армија, што доведе до затегнување на односите меѓу Даблин и Лондон и закана за мировниот процес. Според полицискиот извор кај уапсените биле пронајдени 2 милиони фунти, од кои со сигурност е потврдено дека 60 илјади се од ограбените пари од банката. Полицијата меѓутоа, официјално се уште не потврдува дали пронајдените пари се тие од грабежот на банката./крај/афп/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.