Свет
Судските предмети на улица
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмет
РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО НА ТОВАР НА АМАЛИТЕ
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмет
На први овој месец почна да тече рокот од 120 дена за селење на судските предмети според надлежностите на судовите утврдени со новиот Закон за судови. Дел од судиите стравуваат дека во тие селидби некои предмети, а особено важни докази или вештачења, лесно може да добијат нозе и да исчезнат. Некои претседатели на судови со кои разговаравме сметаат дека ако се почитува Упатството за начинот на преземање на предметите, кое пред неполни две недели го издаде Министерството за правда, не би требало да има никакви проблеми во трансферот. Но никој не гарантира дека проблеми при селењето нема да има.
За селењето на предметите ќе бидат ангажирани носачи, а таму каде што ќе има помалку предмети за товарање-истоварање, најверојатно работата ќе ја вршат вработените во судските писарници.
Упатството излезе на петти овој месец и моментално го проучуваат претседателите на судовите. Станува збор за физичка, односно за рачна преселба на илјадници предмети, зашто се уште судството не е мрежно поврзано, а ни предметите не се евидентирани и електронски архивирани.
Судовите што ги отстапуваат предметите, во овој кус рок за селење ќе треба да ги разведуваат заведените предмети во соодветни уписници и именици, а оние што ги прифаќаат, ќе ги облечат во нови обвивки, под кои ќе останат старите, но прецртани. Примопредавањето на незавршените предмети во кои има докази ќе се одвива комисиски. Ќе се заведуваат сите детали и податоци за идентификација на предметот во записник, кој на крајот се запечатува со црвен восок. Тоа ќе се прави за секој предмет посебно. Во Упатството е пропишано како ќе се заведуваат и доказите за предмети кои се доверени на чување на друг орган, како поголемо количество дрога во МВР или пари, злато и друг накит во Народната банка.
Ќе има преселби на предмети по неколку основи. Ќе се селат предметите за организиран криминал од основните судови во т.н. специјализирани одделенија, откако ќе се формираат во основните судови Скопје 1, Битола, Тетово, Струмица и Штип.
Ќе има рокада на предмети меѓу двата најголеми суда во Македонија, меѓу Основниот суд Скопје 1, кој со новиот закон од први овој месец станува кривичен суд, и Основниот суд Скопје 2 кој, пак, прераснува во исклучително граѓански суд и ќе суди само граѓански предмети. Околу 2.500 до 3.000 незавршени кривични предмети од Скопска двојка ќе треба да преминат во Единица и приближно толку незавршени граѓански предмети ќе треба да се преселат во обратна насока, од Единица во Двојка.
Потоа ќе се случува и преселба на предмети од судовите со основна во судовите со проширена надлежност. Тоа значи дека незавршените предмети, за кои е предвидена казна над пет години затвор или со парична казна над 15.000 евра, ќе се селат во судовите со проширена надлежност, какви што со новиот закон ќе бидат вкупно десет основни судови во Македонија.
Правосилно завршените предмети си остануваат во архивите на судовите што ги воделе постапките и тие нема да се селат.
Ова ќе биде втора голема селидба на судски предмети во последниве десетина години, по реорганизацијата на судството во 1996 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.